Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март, ќе се вршат градежни работи на кружниот тек во Дебар Маало на улица Орце Николов, поради што во периодот од 8 до 15 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Сообраќајот ќе се одвива од улица Коле Неделковски до улица Ленинова во една насока.

Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај во текот на утрешниот ден, велат од Општина Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.