Утре (недела, 9 април 2023) со почеток во 10 часот ќе има посебен режим во сообраќајот на булеварот „Илинден“ поради одржување на улична трка на три километри насловена како „Женска трка 2023“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје.

Како што информираат од МВР, единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Трката ќе се одвива по следната траса – од бул. „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) до крстосницата со бул. „8 Септември“ каде што се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта кај фонтана Лотус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.