Утре, на 12 март со почеток во 08.30 часот пред Музеј на град Скопје на ул. Св. Кирил и Методиј ќе се одржи настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, по што учесниците ќе се движат од Музеј на град Скопје по ул. Св. Кирил и Методиј, бул. Кочо Рацин, ул. 11-ти Октомври, ул. Крушевска република до Тутунски комбинат Скопје.

Поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници.СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.