Уставниот суд на седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014 година. Основна причина поради што судот се одлучил за поведување постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа.
Од Уставниот суд информираат дека ова е прва фаза кога Судот формално-правно изразува сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП-от, кој се однесува на Градска четврт Ј 07.
Решението за поведување постапка ќе биде доставено на Општина Центар како доносител на актот и треба да се изјасни во одреден рок, по што советникот и судијата-известител ќе го напишат конечниот предлог кој треба да се разгледа и одлучи на седница на Уставниот суд, се наведува во соопштението од Уставниот суд.
На седницата на Уставниот суд биле ставени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за слободи и права.
Како што информираа оттаму, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста на Законот за стратешки инвестиции во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2020) во целина и посебно за член 15 став 5 во деловите: „како и предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“ и „и предлог законот од овој член“, став 6 во делот: „и го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект“ и став 8: во делот „по влегувањето во сила на законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“, како и член 17 во делот: „ќе се издаваат во рокови утврдени со закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект.“ од истиот закон; и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 11 став 1 точка 6 од Законот за стратешки инвестиции во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2020).
Подносител било Здружението на граѓани „Ековита“ од Неготино
Нe е поведена постапка за оценување на уставноста и на член 19 став 16 во делот: „надлежен суд“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.275/2019, 14/2020, 215/2021и 99/2022). Подносител бил Oливер Давидовски.
Судот го одложил разгледувањето и одлучувањето по предметот за наредната седница на Судот, поради отсуството на судијата-известител.
– Оспорен: Член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР („Службен весник на Република Македонија“ бр.149/2021). Подносител: Синдикат на Полиција на Македонија од Велес, стои во соопштението од Уставниот суд.
На седницата не се повела постапка и за оценување на уставноста и законитоста на член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи, бр.01-5710/1 од 1 јули 2013 година, донесен од министерот за надворешни работи.
Подносител била Синдикална организација „Македонски Дипломатски Синдикат“, преку претседателот Зоран Дабиќ.
Се отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените судски одлуки: Решение ГЖ.бр.1009/12 од 26.09.2012 година на Апелациониот суд Скопје; Пресуда П1-бр.133/12 од 28.12.2012 година на Основниот суд Кавадарци; Пресуда ГЖ.бр.904/13 од 17.10.2013 година на Апелациониот суд Скопје и Решение Рев2.бр.58/2014 од 13.07.2014 година на Врховниот суд на Република Македонија. Подносител: Орданчо Танчев, се појаснува во соопштението.
Одбиено било и барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, за кои смета дека му се повредени со Решението К.бр.273/20 од 04.01.2021 година и Решението КС-КР бр.4/21 од 11.02.2021 година на Основниот суд во Кочани. Предлогот не го добил потребното мнозинство гласови. Подносител на иницијатива бил Панче Докузов.
– Оспорен: Член 6 ставови 2 и 3, член 7 став 1, член 8 став 3, член 100 став 6 во делот: „и усвојување“ и став 8 од Законот за Судски совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија„ бр.102/2019), соопштија од Уставниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.