АД за стопанисување со станбен и деловен простор почна со наплата на паркирањето околу стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Од пред една недела со рампи е заграден просторот околу стадионот кој досега беше слободен за паркирање.

Според ценовникот, еден час паркирање чини 50 денари, а има 260 паркинг места. Се издаваат и месечни паркинг карти, кои за физички лица чинат 2.500, а за правни 3.000 денари.

На улицата околу стадионот наплата за паркирање врши и ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Во септември, на улицата се воведе еднонасочен режим на сообраќај и беа обележани паркинг места. Еден час паркирање чини 50 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.