Со 27 процент, Скопје е на последното место според тоа колку неговите жители се задоволни од здравствените услуги во градот, а во последните десет е и според задоволството на жителите од културните установи и зелените простори во градот. Главниот град на земјава го држи и последното место, со само 12 проценти, во однос мислењето на неговите жители за квалитетот на воздухот

Скопје стои лошо и во уште една категорија. Дури 84 отсто од жители на главниот град се согласуваат дека има корупција во локалната јавна администрација на градот

Двата града кои доминираат на листата се во Швајцарија, која не е членка на ЕУ и Данска, која е членка. Цирих и Копенхаген се на првите две места во топ десет европски града чии жители се задоволни од квалитетот на живот во нив

Околу 90 отсто од жителите на Европската Унија изразиле дека се задоволни од животот во нивниот град, покажува извештајот на Европската Унија за квалитетот на животот во европските градови за 2023 година, пренесува порталот „Шенгенвиза њуз“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.