Дедомразовци, елки, снешковци и новогодишни подароци нацртаа на училишните прозорци, ученици и вработени во основното училиште „Григор Прличев“ во населбата Железара. Училишниот хол го краси огромна елка, на која има лампиони кои рачно ги изработија вредните ученици. Токму нивната креативност беше причина училиштето да биде прогласено за најубаво украсено училиште во Гази Баба, од вкупно 11 училишта во оваа општина.
Ваучерот за најубаво новогодишно украсено училиште ѝ го додели градоначалникот Бобан Стефковски на директорката Александра Петковска Анастасов.
„Училиштето го разубавија наши ученици и вработени. Идејата за новогодишно украсување произлезе од комисијата за јавна дејност. Учениците изработуваа и лампиони, а најубавите беа украсени на нашата елка. Се надевам дека оваа награда ќе биде поттик и мотив во иднина да бидеме уште покреативни“, вели директорката Петковска Анастасов.
В петок, продолжува новогодишната магија во училиштето. Родителите ќе имаат можност да погледнат новогодишна претстава, подготвена од учениците и нивните наставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.