Со 28 гласа „за“, доцна синоќа беше изгласан  буџетот на Град Скопје за наредната година вреден 114 милиони евра.

Основниот буџет на Градот ќе биде 72 милиони евра, дотации од централната власт ќе бидат 33 милиони евра, од самофинансирачки активности 5,7 милиони евра, а од донации 2,5 милиони евра.

Од локалната самоуправа информираат дека е донесен развоен буџет со социјална компонента и со мерки за домаќинско и штедливо работење на градот.

На донесувањето му претходеа расправи по голем број амандмани со кои се бараа средства за улици, монтажни паркиралишта, за социјално ранливите категории, за спортот, културата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.