Со денешното напуштање на продолжението на XIV Седница на Советот на општина Карпош, советниците на СДС ја официјализираа новата коалиција со градоначалникот на Карпош. Им честитаме!

Причината за напуштањето на седницата е немањето мнозинство за изгласување на ДУП З09 или познат како ДУП за Млечен. На донесувањето на овој ДУП остро се спротивставуваат советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Независни за Карпош. За сметка на урбаната мафија, на карпошани им се ускратени одлуки за (ги издвојуваме најважните):

– Субвенционирање на ужинки за учениците во општинските основни училишта на општина Карпош за месеците септември, октомври, ноември и декември а учебната 2022/2023.

– Давање согласност за промена на корисникот на електрични броила од Општина Карпош на основните училишта на територијата на општина Карпош.

– Одобрување на финансиски средства за награди за полуматурантите-првенци на генерација од општинските основни училишта на територијата на општина Карпош за учебната 2021/2022.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ опстојува на предизборните заложби од програмата со која добивме доверба од граѓаните на Карпош!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.