Граѓанин од скопската општина Карпош луто и огорчено му се обраќа на градоначалникот Стевчо Јакимовски бидејќи претпладнево било згазено дете пред училиштето „Јан Амос Коменски“, а градоначалникот ништо не презел околу безбедноста на улиците во општината.

Стевче Јакимовски, убиец на Општина Карпош, профитер за лични интереси. Денеска, на прославата по повод 60 години од постоењето на училиштето „Јан Амос Коменски“, пред школото згазија дете на „Варшавка“. Дете од 11 години, од „Коменски“, од Карпош, соученик, другар, наше дете на сите што живееме во Карпош. Ама не, ти не си човек, ти немаш обѕир за никого, ако немаш интерес и профит очигледно! Пред извесно време те сретнав и лично ти кажав колку брзо се вози, колку е опасна „Варшавска“, школо, има градинка, нема лежечки полицајци, нема пешачки на „Хаванска“ и „Виенска“, нема каде пешаци да поминат, велосипедисти.

Те молев да преземеш нешто, за нашите деца. Но, не, ти си нем на нашите барања, немаш профит тука, па ти гинат луѓе, пишува револтираната мајка на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.