Инспекциските служби на Општина Аеродром денеска ја отстранија дивопоставената ограда која со години се наоѓаше во непосредна близина на автобуската станица на последна 5-ка во населбата Ново Лисиче.
Ккао што информираат од Општината, оградата била поставена на државно земјиште без одобрение, со што се создале услови за појава на голема дива депонија, која ја загрозува животната средина и претставува опасност за здравјето и животот на граѓаните. Додаваат дека на истата локација е предвидена изградба на мегапарк и фудбалски стадион со што целосно ќе се облагороди овој простор запуштен со децении.
Апелираме на совесно однесување како до физичките, така и до правните лица, а секое прекршување на прописите и законите веднаш ќе биде санкционирано. Инспекциските служби на општината се постојано на терен, воведена е втора смена, како и дежурни служби во саботите, а инспекторите и комуналните редари ја следат ситуацијата во секој дел од територијата под наша надлежност, велат од Општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.