Откако три дена градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски јавно ја прозиваше „Комунална хигиена“ дека не ангажира доволно хигиеничари на територијата на Карпош, а и тие малку што ги има ништо не работат, вчера попладне седна на маса со тим од претпријатието предводен од директорот Зухди Енуз. Средбата се одржала на барање на Енуз, а на неа е договорено во периодот што претстои Општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните.

Јакимовски деновиве обвинуваше дека тргнал во инспекција по улиците и булеварите за да види колку ги има и дали работат комуналците, затоа што во последниот период Општината не била задоволна од нивната работа. На средбата било заклучено дека хигиената е подобрена во изминативе месеци.

Заеднички е констатирано дека хигиената во Општина Карпош во голема мера е подобрена од пред три месеци, како и дека граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво имајќи го предвид високиот степен на наплата за оваа услуга – информира Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.