Државниот инспекторат за труд по поднесената претставка од вработените во ЈП „Комунална хигиена“ Скопје на кои им беа дадени откази, донесе Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Соработката помеѓу ССМ и ДИТ воспоставена на највисоко ниво, дава резултати во интерес на работниците и ССМ ја поздравува брзата реакција на инспекторатот. СУТКОЗ и ССМ очекуваат Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје на седницата која ќе ја одржи утре, на ден 25.07.2023 година постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места – се вели во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.