Центарот за управувњае со кризи (ЦУК) информира дека денеска, од 12:00 часот, пет пожарникари со две противпожарни возила интервенираат на пожар на неутврдена површина во атарот на селата Соње и Добри Дол, во Општина Сопиште.

Со пожарот е зафатена ниска вегетација. Од ЦУК нагласуваат дека во моментов ситуацијата е под контрола.

Скопските пожарникари денеска интервенираат и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички Пат, кај Визбегово.

Имено, во моментов гори, во цетарот на градот кај Железничката и Автобуската станица.

На оваа локација според информациите се работи за запалена сува трева помеѓу праговите на железничката пруга.

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 37 пожари на отворен простор, од кои 29 се изгаснати, три се ставени под контрола, а пет се се уште активни.

Активни пожари има во општина Студеничани, над селото Црвена Вода, кај месноста викана Крста, во општина Штип, кај месноста викана Јамуларци, во близина на Пенуш и воениот полигон Криволак, во општина Дебар кај селата Татар Елевци и кај Могорче. Во општина Чашка активен е пожарот кон село Степанци и месноста викана Кадиица, на граница меѓу Општина Чашка и Општина Долнени, каде гори мешана шума.

Од дождот е изгаснат пожарот во Општина Чашка на планината Мукос, во атарот на село Оморани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.