Нема да има промени на цената на такси-превозот во Скопје. Советот на Град Скопје не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје.
Советот за сообраќај на Град Скопје предлагаше три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници.
Првата предложена тарифа беше онаа која сега се применува, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората предложена тарифа беше 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што всушност требаше да биде новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа беше 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час.
Сепак, советниците и покрај тоа што претседателот на Советот, Трајко Славески побара и поединечно изјаснување, не ги прифатија новите цени на такси превозот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.