Советничката група во Град Скопје составена од ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, МААК, Демократски сили на Ромите, Демократска партија на Србите во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Роми обединети од Македонија (РОМ), ГЛАС за Македонија, Демократска бошњачка партија и Левица направи прекин на седницата во град Скопје и порача НЕ за бугаризација и асимилација на Македонија, соопштуваат оттаму.

Додека се прави предавство на националните и државни интереси нема да седиме неми и ќе бидеме гласни против негаторската политика на владата на националните и државни интереси и отворената бугаризација наметната од Владата предводена од антимакедонската СДСМ. Македонија не смее да биде заложник и жртва на предавствата на владата предводена од СДСМ и ДУИ, стои во соопштението на Советничката група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.