Во Скопје се одржа мирен протест на крстосницата кај Сити Мол каде што пред 10 дена животот го загуби 240годишната Викторија Николова. Таа беше прегазена на пешачки премин преминувајќи го булеварот Партизански Одреди.

Протестот се одржа во знак на револт кон сообраќајното насилство и во спомен на загубениот живот на Николова, како и на преостанатите кои животот го загубија преминувајќи улица на пешачки премин.

Присутните на мирниот протест побараа да запре дивото возење на улиците за да се избегнат сообраќајки со смртни последици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.