Механизацијата, општинските екипи и фирмата ангажирана за справување со снежните наноси се на терен, соопшти градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Улиците се чисти и проодни, а со тоа и безбедни за сите жители на Ѓорче Петров.

Ќе се патролира и во текот на ноќта, ќе има дежурни тимови задолжени да внимаваат да нема голомразица и снег. Дел од улиците кои се под надлежност на Град Скопје, се чистат од нивни екипи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.