Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вели дека со новиот ДУП дадена е согласност од Министерството за труд и социјална политика за изградба на новата предвидена градинка која со последната измена на планот била вцртана и за која е дадена маркица која претходно не постоела.
Една маркица за зграда избришавме, за да добиеме парцела за нова детска градинка. Од Министерството за труд и социјална политика имаме добиено согласност дека можеме да градиме во иднина – рече Стојкоски на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека е добиено и одобрени за изградба на училиште.
-Добивме и одобрение од Министерството за образование за изградба на училиште. Со тоа делот на јавни дејности и делот којшто вклучува образование, предшколска и воспитна дејност се исполнети. Ова ќе биде првиот урбанистички план во Ѓорче Петров кој што се прави на неизградена површина и каде што ќе има можност да се псотават темелите со правилна подземна и надземна инфраструктура и истиот е со функција да ги опслужи и жителите на соседните зони на живеење во Ѓорче Петров, рече Стојкоски на прес-конференцијата во Општина Ѓорче Петров.
Стојкоски нагласи дека со носење на овој ДУП општината Ѓорче Петров финансиски е обезбедена една декада во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.