Денес, во паркот на Ѓорче Петров, повторно блесна духот на македонскиот фолклор со одржувањето на прекрасната манифестација “Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево”. Во срцето на Ѓорче, со учество на седум културно-уметнички друштва, младите ни ја претставија македонската традиција преку богати фолклорни танци и игри, објави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.
-Иако времето не ни беше најдобар сојузник, дождот не можеше да ја расипе магијата! На крајот, сите присутни се фатија за раце и заиграа оро, создавајќи атмосфера полна со радост и заедништво!, стои во објавана на фејсбук профилот на Александар Стојкоски.
-Огромна благодарност до сите учесници, организаторите од Едукативното фолклорно здружение “Седум осмини”, и до сите граѓани кои ни се придружија на оваа убава традиција, потенцираше Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.