Пехарот доаѓа во Ѓорче. Убав спортски петок со возбудлива победа на нашите фудбалски херои од Фк Македонија Ѓорче Петров кој е творец на најголемиот спортски успеси, напиша на својот фејсбук профил градончалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Вечерва покажавте што значи борбеност, желба, истрајност да се триумфира на еден ваков значаен меч. Освоен е вториот Куп трофеј во историјата и излез во Европа. Денес арената „Тодор Проески“ беше обоена во црвено и жолто.

Нашата гордост од Ѓорче Петров веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Тоа се фудбалските херои кои оставија срце на терен за боите на спортската нација.
Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта!

Победите се резултат на многу труд и работа, посветеност но пред сè љубов кон “ѓорчепетровскиот “дрес. Честитки и за целиот тим. Ви благодариме за возбудливиот натпревар, секој аплауз беше заслужен. Да се множат успесите во спортот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.