На денот на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски, свечено ја отвори новата зграда на општинската администрација. Како што истакна Стојкоски, пуштањето во употреба на овој објект се поклопува со денот кога се одбележува 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров.
Денеска сме пресреќни затоа што можеме да го означиме и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во изминатите 10 години денес ја имаме можноста свечено да го отвориме, да присуствуваме на еден ваков настан со кој ќе го одбележиме почетокот на новиот дом во Ѓорче Петров.
Сакам да се заблагодарам на сите чинители кои имаа можност досега да бидат вклучени во реализацијата на овој капитален проект, кој и носи на општината 1200 метри квадратни административен простор, во кој конечно на едно место ќе работат сите служби наместо просторот кој го користевме досега на пет различни локации. Многу ќе им олесни на жителите во извршување на нивните потреби кои ги имаат од страна на општинските служби, а воедно и многукратно ја зголемуваме функционалноста и оперативноста на општинската администрација.
Би истакнал и нешто друго што е многу важно, се наоѓаме пред сериозни искушенија поминавме енергетска криза, овој објект е енергетски ефикасен и во изминатиов период ги реализиравме можеби за повеќе од 50% сите трошоци кои ги имавме во делот на електрична енергија, а секако ќе реализираме други трошоци кои се јавуваат како резултат на последното движење на локациите кои ги имаме.
Горд сум што бев вклучен во овој проект од самиот стар, најпрвин како претседател на Советот, и еве сега во функција на градоначалник да го означиме стартот на новата општинска зграда, изјави Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.