На лагата и се кратки нозете. Обично, лично не реагирам на неосновани напади кои имаат една цел – ефтини политички поени, но овојпат мора да искоментирам, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Ова е она кога имаш проблем со идентитетот. Или пократко кажано: дал сум советник, дал сум граѓански активист. Непартиски. Ама едно е сигурно: Ако има уште некој на кој не му е јасно, еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и урбано. И уште посигурно, срамно е да глумите „граѓански активисти“ кои повикуваат на протест, а “граѓаните” всушност се партиски активисти на СДСМ. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Ама сигурно е трагикомично, истакна Стојкоски.

ПС: Ова пултов малку ви се распаѓа, како и вашите обиди Ѓорче да го направите пустелиј, порача Стојкоски.

Државна Лотарија проверете си вработениов Сенат Вели кој го куца, додаде градоначалникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.