Кога се работи посветено, домаќински со јасен план и програма тогаш се реализираат проекти во текот на целата година и во сите населени места. Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе направиме посета во неколку населени места во општина Гази Баба, во кои каде во овој момент се реализираат активности за изградба на нови проекти, порача градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Тој го посети населеното место Трубарево, местото викано Чукур Маало, каде што почна 4-та фаза од изградбата на фекалната канализација, проект чија вредност е околу 7 милиони денари.
Стефковски најави дека во текот на денот ќе направи посета и во населеното место Смилковци каде што се реализира последната фаза од изградба на фекалната канализација, проект вреден околу 8 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.
Она што сакам да го потенцирам во овој период е дека во првиот месец од новата 2023 година на територија на општина Гази Баба се реализира изградба на нова фекална канализациона мрежа во повеќе населени места во вкупна должина од над 7 километри. Исто така во текот на денешниот ден ќе направиме посета и на населените места Колонија, Јурумлери и во населеното место Брњарци каде се одвиваат градежни активности за изградба на пешачки патеки и подготовка за асфалтирање на нови локални улици.
Гази Баба и во наредниот период ќе продолжи да се гради и менува со засилено темпо. Ова е само еден почеток на градежната офанзива која што ќе се реализира во тековната 2023 година, градежна офанзива која предвидува изградба на детска градинка, изградба на нови училишни спортски сали, изградба на нови фекални канализациони системи, изградба на нови водоводни системи, изградба нови спортски игралишта, на детски катчиња и така натаму.
Гази Баба ќе ја направиме едно подобро и поубаво место за живеење, жителите на Гази Баба го заслужуваат тоа, изјави Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.