На мое задоволство, денес во посета на општина Гази Баба е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со кого имавме можност да направиме увид во реконструкцијата на асфалтирање на улици во населеното место Гоце Делчев. Општина Гази Баба оваа година за прв пат во историјата има определено најголем број на финансиски средства и планираме да асфалтираме повеќе од 40 улици на територија на општина Гази Баба. До сега се асфалтира улици во населените места Брњарци, Булачани, Идризово, Ергеле, Гоце Делчев и Ченто. Во наредниот период продолжуваме да асфалтираме улици во други населени места. Дополнително се наоѓаме на втората локација каде правиме отворање на спортски терен изграден со најсовремена тартан подлога и комплетно нова урбана опрема, изјави Боби Стефковски.

Општина Гази Баба оваа година особено во летниот период инвестираше во спортската инфраструктура. До сега се изградени осум терени со подлога од тартан и еден терен со подлога од вештачка трева, до крајот на годината ќе изградиме уште дополнителни три нови спортски терени.

Во периодот пред нас ќе продолжиме со реализација и на нови проекти. Започнуваме со решавање на деценискиот проблем на жителите на населеното место Брњарци со недостаток на питка вода за пиење, за многу кратко од денес започнуваме со изградба на водоводниот систем за ова населено место. Дополнително започнуваме со изградба на последната фаза од фекалната канализација во населеното место Црешево и секако она што е клучно барање на жителите од Хиподром е тоа што започнуваме со изградба на патната инфраструктура во новата населба Хиподром 2. Дополнително во наредниот период ќе се реализираат и други проекти за кои сите ние заедно ќе бидеме сведоци и ќе ги промовираме и презентираме пред граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.