Тимчо Муцунски, градоначалник на Аеродром најави почеток на нов проект – изградба на нов парк на ул. „23 Октомври“ во Стар Аеродром.

Во соработка со општествено одговорна компанија ќе се уреди нов парк со површина од 2.300 м2. Изградбата опфаќа детски парк и содржина за возрасни со новопроектирани пешачки патеки, простор за одмор, простор за одржување на настани, павилјон за одмарање, ново хортикултурно уредување и поставување на нова наменска урбана опрема. Воедно, тука ќе никнат и нови садници со кои ќе придонесеме за нашата општина да добие уште повеќе зеленило
Инвестицијата е вредна повеќе од 5,000,000 денари, а ќе се реализира во соработка со компанија која помага овој дел од Општина Аеродром да добие нов лик како вистинска урбана општина, вели Муцунски.

Овој парк ќе биде одлично место за рекреација на сите генерации, а ова е еден од многуте паркови кои ќе никнат со оваа локална власт и така само ќе го реализираме нашето предизборно ветување од нови 100.000 м2 зеленило во Општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.