Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес 24.08.2022 година направи увид во градежните работи за изградба на новиот спортски комплекс во Стајковци кој ќе го носи името на Иван Илиев, дете кое загина во поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба во 2016та година.

За увидот во градежните работи, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Стајковци добива спортски комплекс “Иван Илиев” со игралиште за мал фудбал на подлога од вештачка трева и ново кошаркарско игралиште на кое ќе се вградуваат елементи и за тенис и одбојка.

Денес направив увид на градежните активности за изградба на спортскиот комплекс кој се гради во населеното место Стајковци.

Со изградбата на овој спортски комплекс младите од Стајковци добиваат најсовремен терен за мал фудбал, ново кошаркарско игралиште на кое ќе може да се вградуваат елементи за тенис и одбојка. Ова ќе биде простор на кој младите ќе можат да спортуваат и рекреираат.

Ќе предложам до Советот на општина Гази Баба да донесе Одлука со која овој спортски комплекс ќе го носи името на Иван Илиев, дете кое загина во поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба во 2016 година. Со ова споменот за Иван Илиев ќе биде вечен, напиша Стефковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.