Загрижени вработени од скопскиот водовод денеска побараа помош од Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ и СУТКОЗ како репрезентативен Синдикат во комуналните дејности дека после јавно објавените документи дека нивниот в.д. директор е насилник, осудуван со затворска казна, може да ги нападне на нивните работни места, посебно сега кога донесе незаконски решенија за прераспоредувања за кои и државните Трудов и Управен инспекторат побараа нивно поништување, а Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација ги поништи.
Сојузот на синдикати на Македонија ја повикува и бара од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додека трае постапката за разрешување на човекот за кој има докази дека со нож нападнал друг човек, да ја задолжи службата за обезбедување да ги обезбедува вработените во Јавното претпријатие и за претпазливост да го претресува в.д. директорот поради можноста да носи ладно оружје и поради неговата психичка состојба.
Вработените во водовод кои максимално и пожртвувано се вложуваат и овозможуваат скопјани непрекинато да го остваруват своето основно човеково право, а тоа е пристап до вода и живот во чиста околина, заслужуваат пристојна и безбедна работа.
Работниците и синдикатите прашуваат кој ќе биде одговорен доколку се случи нешто, дали Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска ја презема целокупната одговорност поради тоа што поставувањето на в.д директорот е нејзино решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.