Градоначалничката Данела Арсовска нема да може да ги издава спортските сали и другиот имот на средните улилишта под кирија туку директорите на школите. Советот на Град Скопје донесе нова одлука за издавање под закуп на имотот на Град Скопје и средните училишта која е спротивна на онаа која по предлог на Арсовска беше донесена пред 10 месеци, со која Градот ја презема надлежноста од директорите, објави сдк.мк.
На вчерашната седница советниците од ВМРО-ДПМНЕ доставија иницијатива за донесување нова одлука за начините и условите за закуп на имотот на училиштата со која надлежноста ѝ се одзема на Арсовска и се враќа на директорите.
Градоначалничката Данела Арсовска пак порача дека оваа одлука која ја подготвиле не е законска и поради тоа таа како градоначалничка нема да ја спроведува.
Одлуката беше изгласана со 23 гласа „за“, а 6 советници беа против.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.