Несогласувањето со градоначалничката Арсовска започна со смена со двајца директори од нејзина страна кое не беше направено во договор со коалицијата што ја поддржа и овозможи мандат на чело на Скопје, објаснува Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје.
Се започна оттаму, дотогаш немавме слушнато за проблеми во јавните претпријатија се додека не видовме штрајк на ЈСП и дека не можат да исплатат плата.Немаше навестување, извештаите за јавните претпријатија не се стигнати за советниците да имаат некој сигнал дека има некои потешкотии во работењето. По ова Арсовска реши целосно да премине во напад на ВМРО-ДПМНЕ и на претсседателот и да се откаже од мнозинството во Советот кое и овозможуваше комоција да добива поддршка-вели Славески во интервју за „Република“.
Тој детално објаснува што всушност се случува со ЈСП.
Јавните претпријатија насекаде во свето најчесто не работат на пазарни принципи и цената на билетот без разлика дали во Скопје, Минхен или Виена е под онаа што би била доколку би била пазарна.Што значи дека основачот треба да ја субвенционира.Во континуитет Град Скопје ги помага со субвенции јавните претпријатија.Во првата половина на годината имавме таква субвенција и сега кога настанат проблемот советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за кратко време издејствува да се пренаменат средства од буџетот околу два милиони евра за ЈСП. Сега новиот директор треба да покаже способност и сега тој да покаже резултатот и претпријатието да остварува позитивни финансиски резултати. И во идинина ако е потребно Град Скопје ќе го помага ЈСП.Ние апелираме ова несогласување што го имаме на релација градоначалник, ЈСП и Влада за наводниот долг од два милиони евра од владата кон претпријатието да се регулира. Како што слушнавме од претставниците на синдикатите на ЈСП 60 посто од патниците се возат бесплатно-објасни Славески.
Тој проговори и за мобингот на кој се жалат вработени во админстрацијата на Град Скопје од страна на Арсовска.
Повеќе вработени ми имаат пријдено за да се пожалат и повеќето од нив се во тешка психичка состојба и се жалат на малтретирање и мобинг и од Арсовска и од секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Најверојатно и самите ќе побараат ова да престане. Некои од луѓето кои се подложни на мобинг се во консултација со адвокати.Мислам дека некој намерно креира лоша работна атмосфера во град Скопје.
Славески ја објасни и можноста Арсовска самата да си поднесе оставка.
Не знаеме која е веројатноста за такво нешто и колкав е степенот на издржливост кога гледате дека цела јавност со индигнација ги осудува вашите постапки и гледате дека нема реализација на проекти.Јас не ја исклучувам можноста Арсовска самата да се повлече во следниот период.
Славески потврдува дека бил во право кога бил против тоа ВМРО-ДПМНЕ да застане зад кандиддатурата на Арсовска за градоначалник на Скопје.
Јас изразувам жалење во свое име што за време на кампањата повикував да се гласа за кандидатот за градоначалник на Град Скопје. Ја користам оваа прилика лично да се извинам што и јас што за покрај за советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги повикував граѓаните да гласаат и за Данела Арсовска. Мислам дека сме направиле крупна грешка со тоа.
Претседателот на Советот и за рекцијата на Седницата на Советот кога и го зеде микрофонот на градоначалничката Арсовска.
Градоначалничката направи скандал со тоа што без знаење на претседателот на Советот дошло до промена на опремата на говорницата.Претседателот на Советот затоа што е задолжен за редот во салата и за редоследот на говорници да располага со еден интрумент да може да го исклучи микофонот на било кој говорник.Проемената е направена на своја рака. Почна седницата и јас не можев да ја контролирам. Чашата се прели кога прво излезе новиот заменик градоначалник и потоа градоначалничката кои ликуваа. Потоа јас реков дека има и друг начин и станав и го земав нелегално поставениот микрофон.
Славески како разочарувачка ја оценува првата година од мандатот на Арсовска.
Незадоволително, разочарувачки и тоа е една од причините зошто ние ја повлековме поддршката. Таа премина во некои ниски напади на партијата, на претседателот Мицкоски, на мене лично….
Тој смета дека ќе биде тешко ако Арсовска уште три години биде на чело на Скопје.
Ќе биде тешко но мислам дека под овој притисок и незадоволство ,од оваа лавина, градоначалниката нема да издржи до крајот на својот мандат-прогнозира Славески.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.