Кратко траеше љубовта меѓу Град Скопје, ЈСП „Скопје“ и приватните превозници, бидејќи, како што дознава „Плусинфо“, јавното претпријатие не ја врши исплатата според договорената динамика. На приватниците им доцни исплатата за јуни, јули и за август. Авансот не се дава редовно, па поради тоа дел од нив најавуваат повторен штрајк доколку не се намират сметките.
Сопственик на приватен автобус во неформален разговор за „Плусинфо“ признава дека повторно е закочена исплатата и дека веќе цели три месеци не им е исплатен ниту еден денар на сметката.
Јас сум сопственик на приватен автобус и можам да кажам дека повторно започнаа проблемите со исплатата на парите од страна на ЈСП. Веќе ни доцнат повеќе од 3 месеци, а никој не ни кажува во што е проблемот. Ова е неприфатливо и неодговорно од ЈСП, кое е јавно претпријатие и треба да ги почитува своите обврски кон приватните превозници. Ние сме во многу тешка финансиска ситуација поради оваа задоцнета исплата. Имаме трошоци за гориво, сервис на возилата, осигурување, плата за возачите и за други работници. Ние не можеме да работиме без пари. Не можеме да ги задоволиме ниту своите потреби, ниту потребите на патниците, кои заслужуваат квалитетен и безбеден превоз, вели тој за порталот.
Сопственикот истакна дека во моментов бараат од ЈСП да им ги исплати сите пари што е можно поскоро.
Ако не го направат тоа, ние ќе бидеме принудени да престанеме со работа и повторно да штрајкуваме. Навистина не сакаме да дојде до тоа, бидејќи тоа би значело уште поголем хаос и незадоволство во јавниот превоз. Сакаме да работиме во партнерство со ЈСП „Скопје“ и да обезбедиме добар сервис за граѓаните, но за тоа треба да имаме фер и редовна исплата, ни изјави тој.
Повеќе на „Плусинфо“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.