Ладни радијатори, премрзнати граѓани… Корисниците на централното парно греење што им го испорачува „Балкан Енерџи“ се жалат дека радијаторите речиси воопшто не се топли. Коментираат дека тоа се случувало пред и по Нова година, во периодот кога температурите надвор беа повисоки, но остата пракса продолжува и во овие два дена кога надвор е многу постудено.
-Вообичаено сме имале многу топли радијатори, Годинава случајот не е таков. Клима уредот речиси постојано ни е вклучен затоа што дома е премногу падно. Како да сме исклучени од парко нреење. Плаќаме сметки цела година за фреење, а приморани сме дополнително да вкличуваме греалки, клима уреди за да се стоплиме – се жали жител од Центар во Скопје.
Велат ниту преку ден ниту навечер не се седи без вклучена клима на греење.
Преку ден не можеш да седнеш да гледаш телевизија без да се покриеш. Кебиња, јоргани, догревање како да живееме некаде на планина – коментираат тие.
Пред два дена, по забелешка од граѓаните поради ладните радијатори, од БЕГ сеогласија дека биле максимално ангажирани за да се обезбеди континуирано загревање и топлинска енергија на потрошувачите приклучени на системот за централно греење до крајот на грејната сезона. Оттаму велат дека за секоја рекламација во врска со испораката на топлина или недоволна испорака на топлина се постапува во најкус можен рок.
– Доколку се констатира температура пониска од 20 степени во внатрешните простории на објектите, нашите екипи веднаш интервенираат сè со цел во услови на енергетска криза и висока берзанска цена на природниот гас, на нашите потрошувачи да им гарантираме пропишано ниво на квалитет на нашата услуга – потенцираат од БЕГ.
Според одлуката на РКЕ, јануарските сметки за парно греење ќе бидат повисоки за 14 отсто и тоа се однесува не само на корисниците на БЕГ, туку и на Елем Енергетика и Скопје Север.
Поскапувањето се должи на енормниот раст на цената на природен гас на светските берзи, енергенс кој го немаме во државата и зависни сме од увоз. Со ова поскапување цената се враќа на онаа од 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.