За дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад Македонија во Скопје ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации.

Од понедленик, 25 декември започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до седми јануари 2024.

Планирана е на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања.

Раководството на „Комора на музичка индустрија“ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.

Водители на празничниот базар ќе бидат Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.