Извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка, реагираат од „Анима мунди“. Од Здружението велат дека кај нив вчера реагирал сопственикот на мачката и дека ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката.

Според сведоштвата, ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума.

Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар.
Млади лица, небаре деца кои покажуваат волку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе.
Бараме од надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина.
Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување, велат од „Анима мунди“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.