Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на средување на страничното и средишно зеленило на булеварот Александар Македонски на излезот од Скопје.

На потегот од ,,Агросервис” до надвозникот на автопатот Скопје – Велес се коси тревната површина и диво израсната вегетација, а се собираат и отпадоци од средишната жардиниера и страничното зеленило покрај автопатот.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“  континуирано работат и на чистење на парк шумата Водно. Во рамките на овие активности, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатата недела собраа два полни камиони со отпадоци.

Апелираме до граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци и да го одржуваме Водно чисто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.