Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, преку Фејсбук објава потсети на роденденот на  револуционерот Ѓорче Петров. Денеска,  2 април, општината го одбележа денот на раѓањето на великанот Ѓорче Петров, еден од најистакнатите идеолози, организатори и афирматори на Македонската Револуционерна Организација.

– Македонската историја е богата за уште еден херој чиј неуморен и борбен дух ни овозможува живот во слободна земја.
Големо е неговото дело! Ѓорче Петров бил непомирлив и конзистентен како револуционерен мислител. Суптилно ги разработувал патиштата и начините на македонската борба за слобода и независност. Денеска, се бориме со предизвиците на модерното време. Принципите од кои ние никогаш нема да отстапиме се модерно, урбано и хумано Ѓорче. Наша задача е да работиме чесно и посветено и да ги остваруваме аманетите оставени од предците. Да создаваме, остваруваме и да негуваме вредности.Да живее споменот за хероите, пишува Стојкоски во својата објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.