Неформалната група „На Точак“ сподели информација за „чудо“ што се појавило во Тафталиџе. Станува збор за велосипедска патека на улицата „Лондонска“ која се протега помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

„Лондонска“ е една од најфреквентните улици во овој дел од Карпош, а велосипедската патека беше ветувана десетина години. По улицата се движат ученици од околните основни и средни училишта, луѓе кои пазарат на зелениот пазар во Тафталиџе или трите околни трговски центри, студентите кои живеат во студентскиот дом Гоце Делчев и илјадниците жители во околните згради и куќи.

Но, како што велат од „На точак“, за жал лошата изведба на столпчињата кои се ставени на преголемо растојание придонесоа „чудото“ да трае само 24 часа, па вчера целата велосипедска патека беше окупирана со неправилно и непрописно паркирани возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.