Дури три недели по скандалот со закланите животни во Зоолошката градина во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска назначи нов директор. Но, според информациите објавени во дел од медиумите, постои отворен сомнеж дали новиот В.Д. директор на Зоолошка, Драган Илиевски е назначен согласно законите, изјави Никола Белимов член на Градска организација на СДСМ.
Прво, затоа што за оваа позиција не бил распишан јавен оглас. Второ, затоа што според написите во медиумите, Илиевски не доаѓал од редовите на вработените. На овој начин се прекршува членот 50 од Законот за јавни установи и членот 34 од Законот за култура.
Ако се случило такво назначување, тоа е спротивно и на членот 30 од Статутот на Зоолошката градина каде што јасно се наведува дека вршител на должност директор се избира од редот на вработените. Данела Арсовска и градската администрација мора да одговорат, дали Илиевски е назначен согласно законите и Статутот на Градината?
Истовремено, од она што е јавно приложено како биографија на Илиевски се гледа дека тој нема никаква поврзаност, ниту пак искуство со слична дејност, па оттаму, прашуваме по кои критериуми е избран токму тој за директор, праша Белимов.
Јавноста мора да добие одговори на овие прашања, имајќи предвид дека Зоолошката градина покрај рекреативна има и едукативна улога особено за нашите најмлади, вели Белимов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.