ЈП Улици и патишта со другите јавни претпријатија го уредуваат и санираат кејот на реката Вардар.

Како што известуваат оттаму, екипите на ЈП Улици и патишта со започнувањето на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар ги завршија активностите за отстранување на нефункционалните и стари патеки на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што ги отстранија оштетени плочи од патеките.

На овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки.

Паралелно се одвиваше и се уште е во тек чистењето по должината на коритото. Со тримери се косеше обраснатата нискостеблеста вегетација од косините на реката и рачно се чистеше, во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни. Машински се чистеа и косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина, се косеше погуста вегетација, а се собираше и наталожен мил од коритото, гранки, корења и дрвја.
Досега екипите со машинското чистење имаат расчистено пола површина од потегот од мостот кај телевизијата Канал 5 кон Систина. Деновиве санирани се и постојните елементи на кејот кои беа оштетени, како оштетувањето на пешачката патека на насипот на Вардар каде што наместа имаше оштетени бекатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и оградата на мостот. Санирани се, исто така, и скалилата спроти телевизијата Канал 5, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, оградата на трибината на одбојкарското игралиште, како и просторот за седење на трибините на кејот на река Вардар, велат од УП.

Паралелно со екипите на ЈП Улици и патишта, интензивно работат и екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена, во координација со Град Скопје,
Градот Скопје и екипите на јавните претпријатија и во наредните денови ќе ги продолжат работните активности за активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар за да можат граѓаните да користа за рекреација и прошетки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.