Една година Град Скопје тоне во безидејност, без ниту еден нов проект, без каков било план за развој, велат од СДСМ од каде додаваат дека дури и основните услуги на градот не функционираат, јавниот превоз е во колапс а катастрофална е состојбата и во другите јавни градски претпријатија.

Според СДСМ, хаосот што му се случува на Скопје е одговорност на „коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска и Левица која се потврди со гласањето на Буџетот на Град Скопје за 2023 година“.

И градоначалничката и претседателот но и мнозинството во Советот, како и мнозинството во управните одбори на јавните градски претпријатија се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најодговорна за катастрофата во главниот град. Една година градска власт е една година стагнација на Скопје, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.