Студентите да го продолжат/заверат билетот за 2023 година доколку сакаат да користат бесплатно јавен превоз и во текот на наредната година, апелира ЈСП.

Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), да приложи оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2022/2023 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Град Скопје до додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.

Единствено заверен/продолжен билет за тековната година е валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз за посочената категорија студенти, не се признаваат индекс, потврда за студент или друга документација која служи за заверување на билетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.