Теренската Служба за итна медицинска помош во Скопје во изминатото деноноќе имала 100 интервенци, од кои 40 од прв степен на итност, а имало и многу јавувања од родители како да постапуваат со децата кои им биле во алкохолизирана состојба, изјави за МИА Милица Бубало, раководителка на Службата за итна помош.

Околу 20 интервенции на итната помош биле за алкохолизирани лица, четири до пет за лица од физички пресметки биле пренесени во некои од ургентните центри, а се интервенирале и за шест сообраќајки.

Родителите кои се се обратиле во Службата за итна помош за деца во алкохолизирана состојба добиле совети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.