Годинешното издание на „Културно лето 2022“, во склоп на роденденската кампања на Општина Кисела Вода, – „67 години Моја Кисела Вода“, во првите два дена ги надмина очекувањата на жителите на општината и сите други посетители, кои дојдени од различни страни, уживаа во Парк Македонија во богатата забавна програма.

 

Роденденската манифестација започна на 29ти јуни, со Хуманитарна Коријада во организација на Здружение на Пензионери – Кисела Вода, а Црвен Крст – Кисела Вода, имаше организирано лекарски тим за проверка на притисок и шеќер во крв за посетителите. По истото следеа концертите на Филип Шурбевски Езгија Квартет, како и на македонскиот великан на народната музика, Ефто Пупиноски, кои како и секогаш ја доловија убавината на македонскиот мелос преку своите уникатни музички изведби. Несомнено големо внимание привлече и концертот на познатата поп ѕвезда Влатко Лозаноски-Лозано, кој со своите најпознати хитови во еден глас пееше со присутните фанови и посетители.

Втората вечер од оваа манифестација беше наменета за младите музички артисти и фаворити кај помладата публика, – ДиЏеј Оги и Теа Трајковска, а крајот на вечерта свој концерт имаа и познатите ДНК, кои годинава слават и 20 години откако се на македонската музичка сцена.

 

Но забавната програма од Културното лето 2022, ветува голема забава и во преостанатите два дена. Вечерва, 01.07.2022 (петок), со почеток во 20 часот во Три Круши во Драчево, ќе настапат талентираните КУД Китка од Драчево, чии настапи секогаш наидуваат на голем одзив и голем број на пофалби. За збогатување на роденденската атмосфера ќе бидат задолжени и маестрата на македонската фолк музика, – Миле Кузмановски, по чиј концертен настап ќе настапат и Наум Петрески, Зуица Лазова, и Владимир Поповски со бенд.

 

Утре, на последниот ден од забавната програма на роденденот на општината, 02.07.2022 (сабота) во Расадник, денот ќе го разиграат настапите на Златно Славејче и танцовото студио Данса Латина Стефи, по која ќе следи премиерата на првото издание на „Битка на бендови“ во организација на Општина Кисела Вода. Бендовите учесници ќе се натпреваруваат за главната награда, – бесплатно организиран концерт од страна на Општина Кисела Вода.

Во летната саботна вечер на истата локација ќе настапи и еден од омилените на публиката, познатиот Боби Павловски, а роденденската манифестација и официјално ќе ја затвори познатата балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ.

 

Сите настапи и концерти се отворени за сите и влезот за секој настап е бесплатен.

 

На првите два дена од манифестацијата имаше над 7500 посетители, а оваа бројка се очекува да биде уште поголема во пресрет на концертите планирани за петок и сабота.

 

Повеќе информации за роденденската кампања на општината може да се дознаат на официјалната фан страница на Општина Кисела Вода на социјалните мрежи:

https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.