Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Аеродром, поточно во Мичурин.

На лице место се пристигнати неколку противпожарни возила, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Ѕвонко Томески, командир на скопската бригада за противпожарна заштита, во изјава за Плусинфо рече дека на пожарот веќе му се наѕира крајот.

Пожар избувна во близина на Железничката станица во Скопје, поточно во населбата Аеродром. Огнот зафатил една стара барака. Интервениравме со три противпожарни возила и сѐ уште трае интевенцијата. Пожарот е скоро локализиран и не постои опасност тој да се прошири на околните објекти или возила – рече Томески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.