Перо Арсеновски, откако беше разрешен од функцијата директор на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром „поради недолично однесување“, сега е вратен на своето претходно работно место кое му било ставено во мирување.
Тој сега повторно е советник државен-инспектор за надзор во високото образование во Државниот просветен инспекторат.
Раководителот на секторот Африм Саљиу за Плусинфо ја потврди оваа информација, велејќи дека до оваа институција нема пристигнато никаков допис или правен акт за да се спречи Арсеновски и натаму да ја врши функцијата инспектор.
Како што знаете, според законската регулатива работното место се става во мирување за избрано или именувано лице, а откако ќе заврши на мандатот, лицето е вратено на претходното работно место. Арсеновски пред повеќе од четири години беше избран да ја врши функцијата во ОУ „Лазо Ангеловски“, па по завршувањето на мандатот, тој беше вратен повторно во Државниот инспекторат, рече Саљиу.
Тој додава дека ниту до него, ниту до директорот на институцијата нема пристигнато никаков допис за ова лице кое претходно беше поврзувано со наводно негово недолично однесување, па поради тоа што поседува лиценца за инспектор, а и ги исполнува законските услови, во моментов е на работно место инспектор во oдделение за инспекциски надзор во високото образование, научните институти и студентските домови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.