Skip to main content

Инспектори во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион

Откупот на тутун тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај една компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм, е констатирно по денешната контрола извршена од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.

Директорот Анакиев посетил неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.

Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг прва класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите, се наведува во соопштението од ДИЗ.

Од ДИЗ најавија дека инспекторите остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот. 

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortistanbul escort