Концепт Плус од Скопје започна со имплементирање на проектот “Биди зелен, почитувај ја природата“ чија цел има за подигање на свеста за заштита на природата со слоган “Почитувај ја природата, биди зелен” има за цел да едуцира и подигне јавната свест кај младите луѓе за почитување на природата и значењето на заштитата на нашата природа и животна средина.
Овој проект ќе се фокусира на подигнување на свеста кај младите за почитување на природата преку нивно вклучување преку креирање креативни дизајни за кампањите и промовирање на дизајните преку социјални медиуми.
Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите. Според податоците од Светската здравствена организација, загадениот воздухот предизвикува преку 4.2 милиони смртни случаи годишно.
Отпадоците кои се фрлаат во океаните ги загрозуваат морските животни и ги затруднуваат животните во морските екосистеми. Од друга страна, одржувањето на зелени простори и засадувањето на дрвја помага во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и влијае на подобрување на квалитетот на воздухот. Почитувањето на природата не само што го одржува балансот во екосистемите, туку и создава благодатни услови за здрав живот и процват на сите форми на живот на земјата.
Загаденоста во Македонија е сериозен проблем, особено во градските области како Скопје, Битола, Тетово, каде што емисиите од возилата, индустријата и домувањето предизвикуваат загадување на воздухот.
Младите луѓе често не се свесни за влијанието на своите постапки врз природата и не почитуваат ја околината. Отпадоците се фрлаат непропорционално, а недостатокот на еколошка свест за заштита на природата дополнително влијае врз загаденоста и неквалитетниот возсух
Преку имплем,ентација на нашиот проект за подигање на свеста за заштита и почитуивање на природата добива уште поголема релевантност и значење. Целта не е само да ги мотивираме младите луѓе да се вклучат во активности за заштита на природата, туку и да ги образоваме за важноста на оваа тема.
Синиша Пекевски – Концепт плуs:
“Екстремно е значајно да се работи на подигнувањ ена свеста за заштита на природата и зголемување на свеста особено кај младите за заштита на природата. Преку различни активност во рамките на проектот се надеваме дека ќе влијаеме да се зголеми свеста и да се чува природата.„
Ален Адиловиќ – менаџер на Грин ленд:
Ние како компанија се грижиме за заштита на природата и секогаш подржуваме активности кои се во насока на зајакнување на свеста за заштита и чување на природата.„
Предвидено е проектпт да трае до 31 август 2024 година, но Концепт плус ќе продолжи со имплементација и по тој период заради огромната важност на оваа тема за населението. Проектот го спроведува Концепт плус од Скопје, и е финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање и од колективниот постапувач за управување со масла и отпадни масла, Грин Ленд Груп


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.