Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ја посетија Црквата Св. 40 Маченици која се гради на Смилковското Eзеро.

Како што информираше Стефковски, изминатиот период беа извршени активности за изработка на фреските и иконостасот на Црквата.

Оваа Црква се гради на иницијатива на граѓаните, а во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток. Со изградбата на овој Божји дом никогаш нема да се заборави дека недолжни млади деца го загубија својот живот на тоа место! Никогаш да не се заборави! Никогаш да не се повтори!, напиша Стефковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.