По вчерашната одлука за штрајк на приватните превозници во градскиот превоз во Скопје, денеска нивни претставници се упатуваат пред Град Скопје со барање за прием од градоначалничката Данела Арсовска.

Доколку не биде постигнат договор, најавуваат приватните превозници, во наредните денови ќе има блокади на неколку сообраќајници во Скопје.

-Почитувани ве известуваме дека приватните превозници од вчера во попладневните часови одлучија да стапат во штрајк. Со оглед дека на вчерашното барање на директорот на Слобода Превоз за средба со градоначалничката Данела Арсовска до сега не е одговорено, што им беше предмалку кажано, голем број од приватните превозници од пред просториите на Слобода Превоз се упатија (и веќе се) пред Градското Собрание каде ќе побараат прием кај градоначалничката, информираат од „Слобода Превоз“.

Од „Слобода Превоз“ најавуваат дека и во иднина ќе продолжат да ја известуваат јавноста за случувањата иако, како што нагласуваат, според своите позиции и овластувања не се јавува како организатор и не може да учествува во штрајкот кој е во ингеренции на приватните превозници како директно засегната страна. Но, додаваат од „Слобода превоз“, ќе прават напори за изнаоѓање на правилно и прифатливо решение во дадената ситуација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.