Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси.

Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.